2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Холандскиот парламент бара истрага за улогата на Украина во несреќата на МХ17

Најчитани вести

Претставничкиот дом на холандскиот парламент има намера да покрене детална истрага за улогата на Украина во случајот со соборувањето на авионот на летот МХ17 над Донбас во 2014 година, пренесува холандскиот портал „Nos.nl“.

Пратениците конкретно бараат владата да открие зошто украинските власти не го затвориле воздушниот простор над регионот. Иницијативата ја поддржаа осум фракции, но холандскиот шеф на дипломатијата, Стеф Блок вели дека не гледа правна основа за истрага. Според Блок, проблемот е што за тоа ќе биде потребна соработка не само со Украина, туку и со Русија.

Патничкиот авион „боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој леташе од Амстердам за Куала Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година во близината на Доњецк. Никој од 298 патници и членови на екипажот не преживеа.

Киев за катастрофата ги обвини бунтовниците во Донбас, кои пак изјавија дека немаат оружје со кое би можеле да го соборат авионот на таа висина. Без оглед на воените дејства, Киев не го затвори небото над Донбас за меѓународните патнички авиони.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести