2 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Холандскиот амбасадор Н.Е. Дирк Јан Коп одржа предавање на тема „Европа по падот на Берлинскиот Sид“ пред студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Најчитани вести

Денес, 6 ноември 2019 година, во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), се одржа првото од серијата предавања во рамките на концептот MEET THE AMBASSADOR. Предавањето го одржа неговата екселенција Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството
Холандија во Република Северна Македонија.

Ексклузивно за студентите на УАКС, амбасадорот зборуваше на тема „Европа по падот на Берлинскиот Ѕид“. Настанот беше посетен од голем број студенти на Универзитетот, кои изразија голем интерес за темата и нејзините импликации во современиот контекст.

Н.Е. Дирк Јан Коп е роден во Дака, Бангладеш. Откако завршил високо образование од областа на правото, ја почнува својата дипломатска кариера во повеќе земји низ светот. Од август 2019 година, тој е амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Серијата предавања MEET THE AMBASSADOR продолжува на Универзитетот Американ
Колеџ Скопје, со следна средба со дипломатски претставник.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести