Холандска докторка се појави на суд откако извршила еутаназија на пациентка која страдала од тежок случај на деменција. Обвинителите велат дека докторката не сторила доволно за да ја потврди согласноста на пациентот.
Ова е прв ваков случај откако Холандија ја легализираше еутаназијата во 2002 година. Доторката, наводно, и дала седативи на жената и побарала од нејзиното семејство да ја задржи, додека и ја ставала инекцијата.
Обвинителите велат дека пациентката покажала отпор во текот на овој процес. Докторката, која не е именувана, вели дека постапила претпазливо.