6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Холандската полиција поради брегзит на британските возачи им ги одзема сендвичите (ВИДЕО)

Најчитани вести

Новите правила по брегзит стапија на сила и на изненадените британски возачи деновиве при влез во ЕУ холандската полиција им ги конфискува – сендвичите, објави Би-би-си во вторникот.

На снимките од холандската телевизија се гледа како граничарите им објаснуваат на возачите за правилата за увоз воведени по официјалното напуштање на Велика Британија на ЕУ.

Според овие правила, патниците кои влегуваат во Унијата не можат да внесат месо и млечни производи.

Се чини дека тоа ги збунило возачите. „По брегзит, во Европа веќе не можете да увезувате одредени видови храна, како месо, овошје, зеленчук, риба и слично“, му вели холандски граничар на возач, пренесе телевизијата НПО1.

На дел од снимката се гледа како полицаец прашува возач дали има месо во завитканиот сендвич. Кога возачот одговора потврдно, граничарот вели „Добро, ќе ти го земеме“.

Изненадениот возач потоа прашува дали може да го задржи барем лебот, на што полицаецот му кажува: „Не, сè ќе земеме. Добре дојдовте во брегзит, жал ми е“.

Велика Британија официјално се оддели од ЕУ на 31 декември. Од 23 часот тој ден, европските правила веќе не важат за неа и влегоа во сила нови во врска со патувањата, трговијата, имиграцијата и безбедносната соработка.

Излегувањето на Велика Британија доведе до големи промени во економијата, бидејќи Велика Британија и ЕУ станаа одделни пазари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com