13 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Холандија: Компаниите ќе треба да имаат најмалку 30 проценти жени во одборите

Најчитани вести

Холандскиот парламент донесе закон со кој се бара компаниите во Холандија да го зголемат бројот на жени во надзорните одбори.

Предлог-законот беше донесен со 87 гласови „за“ и 63 „против“, пренесува „Ројтерс“.

Според овој закон, компаниите ќе треба да имаат најмалку 30 проценти жени во нивните одбори на директори.

Како што се наведува, компаниите кои не успеваат да ја исполнат оваа цел, ќе треба мажот кој го напушта Одборот да биде заменет со жена, или тоа место да остане празно.

Покрај оваа мерка, 5.000 големи компании ќе треба да создадат детални планови за вработување за да го зголемат бројот на жени во извршните и надзорните одбори.

Ова го поддржаа многу партии, како од опозицијата, но и оние од власта. Сепак, Конзервативната партија на холандскиот премиер Марк Рут се спротивстави.

Сега помалку од 10 проценти од холандските компании го исполнуваат овој услов во извршните и надзорните одбори. Само третина од нив имаат доволно жени на извршните одбори да ги исполнат поставените цели.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести