21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Ходаи: Ние сме дигитално неписмено население, тој процес во образованието ќе биде тежок за нашата земја!

Најчитани вести

Претседателот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи, на денешната прес-конференција говореше по најавата на МОН за дигитализација на наставата од новата учебна година од септември.

Како што истакна Ходаи, тој процес на дигитализација ќе се одвива тешко и тие се против таков новитет во образованието.

„Ова е чуден и неприфатлив пристап за нас. МОН не е приватна компанија или приватен дом, туку државна институција. Ние сме дигитално неписмено население и не сме против, но сметаме дека е тежок процес за нашата земја. Увидовме дека многу ученици немаат пристап до такви уреди. Ако мислите дека можете да ги дискриминирате, грешите, затоа постоиме како сојуз. Ние сме земја со слаба дигитална мрежа“, рече Ходаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести