6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Хирург споредил рендгенски снимки: Еве како изгледаат белите дробови кај здраво лице, пушач и пациент кој прележал Ковид-19

Најчитани вести

Хирург од клиниката за трауматологија, Британи Бенкхед-Кендал вели дека белите дробови кај пациентите кои прележале Ковид-19 изгледаат многу полошо отколку белите дробови на пушачите.

Доцентката на Тексашкиот универзитет, д-р Бенкхед-Кендал лекува пациенти со коронавирус од почетокот на пандемијата во март. 

„Белите дробови кај пациентите кои прележале коронавирус изгледаат полошо отколку бели дробови на било кој пушач кои некогаш сме ги виделе“, напишала докторката на Твитер и додала: „И белите дробови колабираат, отежнатото дишење продолжува и продолжува“.

Британи истакнала дека вниманието на научниците треба да се насочи кон долгорочните последици на вирусот.

Коронавирусот често предизвикува компликации како воспаление на белите дробови, при што се таложат течности во овој орган. Кога белодробните крила се исполнети со течност, тие не можат да примаат многу кислород поради што се јавува кашлица и отежнато дишење. Покрај тоа, студиите откриле оштетување на епителните клетки кај пациентите со Ковид-19, од носот до белите дробови, пишува „Daily Mail“.

Докторката вели дека рендгенските снимки на сите нејзини пациенти кои имале симптоми на Ковид-19, покажале сериозни оштетувања. Кога станува збор за асимптоматските случаи, 70 до 80 отсто од нив имале „лоши“ рендгенски наоди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com