Home » Хипонотизирачка убавина, живот исполнет со мистерија и гласини за афери – Омилената манекенка на Коко Шанел

Хипонотизирачка убавина, живот исполнет со мистерија и гласини за афери – Омилената манекенка на Коко Шанел

by Журнал.мк

Фотографиите на Мари Хелен Арно ги краселе насловните страници на најдобрите списанија. Мари-Елен живеела многу бурен, но краток живот, кој останал загатка дури и за оние кои добро ја познавале. Не се знае речиси ништо за деталите од нејзината биографија, како и за причините околу прераното заминување.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за моделот што ги направи славни моделите на Коко Шанел:

Мари-Елен Арно е родена во 1934 година. Нема никакви информации околу тоа каде го поминала детството ниту во какво семејство пораснала. Познато е само дека дипломирала на универзитет на катедрата по филозофија, а на 17 години почнала да работи како модел.

Она што ја издвоило од останатите била нејзината впечатлива црвена коса, очите со облик на бадем, кревката фигура и екстремно тесниот струк. Таа била мошне впечатлива на прв поглед, но нејзиното име немало да влезе во историјата без познанството со Коко Шанел.

Стилот од 1950-тите е етикетиран како женствен и елегантен. Сè што Шанел како дизајнер толку многу го презирала наеднаш се вратило во мода: гламур, луксуз, префинетост на линиите, силуета на песочен часовник, и како резултат на сето тоа – непријатности и вкочанетост на движењата поради тесните корсети.

На Коко ѝ се чинело дека е чекор назад во модата и таа решила повторно да ги воспостави сопствените правила: едноставност и практичност, елеганција на слободни силуети итн. Таа продолжила со производство на костуми од твид кои се состоеле од здолниште и полу вградена сако без јака. Коко копнеела да креира костум „во кое можете лесно и грациозно да влезете во автомобилот без ничија помош“.

Општеството, за жал, сè уште било негативно настроено кон нејзината модна визија. За да се врати триумфално во светот на париската мода, на Шанел не ѝ требала само нова линија на облека, туку и поинаков тип на модели кои соодветно ќе ја претставуваат. Тогаш ја запознала младата Мари-Елен Арно.

Во 1954 година се одржало првото шоу на Шанел по војната, а дизајнерката успеала да ја врати наклоноста кон нејзината визија не само дома, туку и во странство. Голем дел од овој успех ѝ го должи на моделот кој станал заштитно лице на нејзината Модна куќа во 1950-тите.

Тоа, секако, била младата Мари-Елен, која брзо станала миленичка и сенка на Шанел. Нејзиното „второ јас“, муза, миленик и модел од соништата. Коко во едно интервју го изјавила следното: „Многу се врзав за Мари-Елен. Бев љубезен ангел за неа“. Спротивно на гласините, девојката немала никаква љубовна афера со Коко. Шанел се поставила кон неа како мајка и ментор.

Во меѓувреме, Мари соработувала и со Пјер Кардин, Диор, Хермес, Баленсијага, Гај Ларош и други славни модни куќи, а исто така основала и своја кројачка компанија.

Девојката беше прогласена за една од најубавите и најелегантните Французинки, и поставила нов стандард на женственост. Сите силно ѝ се восхитувале, ја имитирале, а жените кои биле вљубени во модата масовно го копирале нејзиниот стил каде и да се појавела.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk