-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Хиперпигментација и оштетување на кожата од сонцето

Најчитани вести

Хиперпигментација е потемнување на кожата со шарени дамки или флеки. Хиперпигментација може да се појави насекаде на лицето или телото, независно од возраст или раса, иако ова е проблем е позагрижувачки кај за кожата поприсутна кај одредени етнички народи, како што се Азиските, Медитеранските, Африканските или Латинските народи.

Ова потемнување се случува кога вишокот на меланин формира наслаги во кожата. Може да биде предизвикано од стареење, хормони, бременост, таблети за контрацепција, производи за кожа, акни, козметички третмани или да биде показател за целокупното здравје, но сепак најчесто се појавува или пак се појачува во текот на летото, особено по подолго изложување на сонце.

Главната причина за хиперпигментација кај луѓето со светла кожа е долгогодишното акумулирано оштетување од сонцето, но и акутно интензивно изложување на сонце. Ова се случува бидејќи сонцето го стимулира производството на меланин, предизвикувајќи вишок на боја во кожата, па тоа се манифестира со појава на темни дамки на кожата.

Пост-воспалителна хиперпигментација (ПИХ) се јавува по повреда или воспаление, како што се псоријаза од акни или изгореници. Како и мелазмата, ПИХ може да биде тешко да се третира бидејќи се наоѓа во подлабок слој на кожата.

Препорачани третмани за хиперпигментација и оштетување од сонце:


Иако не постои „лек“ за хиперпигментација, Дерма Бела е секогаш во тренд со Светските протоколи за третирање на хиперпигментација, ни препорачува неколку многу ефикасни третмани кои го осветлуваат изгледот на дамките, создавајќи рамномерен тен.

Скарлет – РФ микронидлинг третмани

Радио фрекфенцијата со микронидлинг успешно ќе ја осветлат или отстранат хиперпигментацијата за само една до три сесии. Во Дерма Бела се користи радио фреквенција – микронидлинг користејќи индивидуални протоколи за специфична нега на секој пациент. Ова е време во кое може да се започне со употреба на овој третман. Свежата пигментација идеално и многу успешно се третира со Скарлет.

Хемиски пилинг


Хемискиот пилинг може успешно да го минимизира појавувањето на хиперпигментација. Третманите на Skin Tech Pharma Group обезбедуваат различно ниво на пилинг со состојки од медицинска класа кои се наоѓаат природно во растенијата и овошјето. Сите наши хемиски пилинзи се безбедни и клинички докажани дека се значително ефикасни во намалувањето на појавата на оштетување од сонце или старечки дамки. Особено специјализираниот третман Bene Bellum –кој ја доби борбата со пигментацијата. Постои специјален протокол, кој озможува да се започене со третирање на пигменатација веднаш после нејзината појава.

Подмладување и ребалансирање со ЛЕД Диоди
Подмладување на ЛЕД диодна светлина е безбеден и безболен начин да се добие чиста, рамномерна, здрава кожа. Таа е погодна за сите типови кожа. Изложеноста на светлосната бранова должина на LED го поттикнува природното производство на меланин во вашето тело за да ја осветли пигментираната кожа, ја враќа функцијата на кожата во повторен баланс.

Мезотерапија


Мезотерапијата е медицинска специјалност која вклучува инјектирање на мали количини природни екстракти, хомеопатски агенси, витамини и минерали директно во кожата каде што е потребно. Појавата на зголемена пигментација како што се пеги, мелазма и флеки може драматично да се подобри со помош на специјално избрани Мезотраписки раствори специјални за осветлување. RRS Whitening e sпецијалнен производ кој ја блокира синтезата на меланин во кожата.


Медицинска домашна нега – продолжено третирање
Како и за сите третмани, и тука особено важи правилото дека третманот продолжува дома со правилна и соодветна апликација на производи за домашна нега препорачани од доктор.


Нашата палета на локални третмани за домашна нега обезбедува високо ефективни фармацевтски решенија за нега на кожа, без оглед на проблемот. За лекување на хиперпигментација и оштетување од сонце, обично го препорачуваме Aclarance на Aesthetic Dermal, дневна крема Fulgora 50 за комплетна заштита од зрачење, ноќна крема Lumina со Витамин Е и А за силна регенерација, Blending Bleaching креам, Bene Bellum Vitamin C серум се препорачува но во месеците кога има помалку сонце.
Дерма Бела Ве советува , не чекајте, започенете со третирање на хиперпигментација веднаш !

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com