17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Хибридниот систем на AMG ќе ги полни батериите и при дрифтање

Најчитани вести

Mercedes-AMG работи напорно со цел да покаже дека новиот plug-in хибриден погон кој го подготвува ќе биде подеднакво одличен како и досегашните погони

Неодамна Mercedes-AMG ги откри своите планови околу електрификацијата, односно подготвувањето на електрични и plug-in хибридни перформансни модели. Со своите најнови откритија веројатно ќе ги убедат и најаскептичните фанови околу plug-in хибридниот погон кој го подготвуваат, а најинтересното од се е што погонот ќе ги надополнува своите батерии додека автомобилот дрифта. Така барем тврди Јохен Шмиц, еден од луѓето кои го развиваат хибридниот систем во AMG.

Шмиц објаснува дека при дрифтањето, системот за рекуперација на енергијата насочува дел од моќноста кон батеријата, со цел да може да се искористи подоцна. Не се откриени повеќе детали околу тоа како работи системот, но истиот испраќа доволно моќност за да ги врти и придвижува тркалата, а остатокот се зачувува за подоцна. Иако можеби звучи чудно, бидејќи гаста е важен дел од контролирањето на дрифтот, системите за контрола на триење станаа доволно паметни да дозволат дрифтање без многу напор, па користењето на електрониката со цел да се собере моќ и не звучи така чудно.

Plug-in хибридните погони на Mercedes-AMG ќе бидат во можност да испорачаат 810 КС благодарение на Electric Drive Unit кој самостојно може да произведе до 203 КС и 441 Nm. Најголемиот дел од моќноста ќе се испорачува на задните тркала, додека предната оска ќе биде способна да „извлекува“ доколку системот детектира големно пролизгување на задните тркала.

Кај престојниот C63, моторот на внатрешно согорување ќе биде 2,0-литарски четирицилиндерски мотор кој ќе испорачува 448 КС и ќе биде во комбинација со Electric Drive Unit што значи дополнителни 203 КС, односно комбинирана моќност од 651 КС. Кај AMG GT73, пак, EDU системот ќе биде поврзан со 4,0-литарски V8 за вкупна моќност од 815 КС и 1.000 Nm вртежен момент.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести