24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Хејли и се заканува на Селена! Манекенката повторно ја обзема љубомора

Најчитани вести

После новата песна на Селена, која ја посвети на својата долгогодишна љубов Џастин, неговата сегашна сопруга и упати заканувачка порака преку Инстаграм.

Љубовната драма помеѓу познатиот пејач Џастин Бибер, неговата сопруга, Хејли Балдвин (сега Бибер) и неговата поранешна девојка, пејачката Селена Гомез, никако да престане.

Турбулентниот љубовен триаголник помеѓу ѕвездите, веќе неколку дена го тресе Холивуд.

После новата песна на Селена, која ја посвети на својата долгогодишна љубов Џастин, неговата сегашна сопруга и упати заканувачка порака преку Инстаграм.

Хејли Балдвин, сподели песна со наслов „I’ll kill you“, односно „Ќе те убијам“, а судејќи по нејзините љубоморни коментари и испади кои ги имаше во минатото, фановите се вознемирени дека ова е директна закана кон поп-пејачката.

Селена Гомез потоа се вклучи на Инстаграм во живо и им препорача на фановите да не ја напаѓаат сопругата на Бибер и да се воздржат од негативни коментари, но и индиректно призна дека песната е за пејачот.

„Не поддржувам кога жените се напаѓаат една помеѓу друга, затоа ве молам воздржете се од негативни коментари. Поминав низ некои работи во минатото, сосем е јасно дека тие сега се пресликуваат на мојата иднина“ изјави ѕвездата./www.slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com