Хери Мекгвајер е пред трансфер во редовите на Манчестер сити, објавуваат англиските медиуми.
Стоперот на Лестер сити наводно треба да премине во редовите на англискиот шампион за рекордни 80 милиони фунти, што автоматски ќе го направи најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Англискиот репрезентативец е на листата на желби и кај Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ не се подготвени да платат волкава сума за стоперот.