11 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Хери Мегвајр стана „ѓавол“ и најскап дефанзивец во историјата

Најчитани вести

Хери Мегвајр, конечно, е фудбалер на Манчестер јунајтед, откако „ѓаволите“ платија рекордни 80 милиони фунти за централниот бек, кој потпиша шестгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“ со опција за уште една сезона.

Долгата летна сага околу потписот на англискиот репрезентативец заврши во понеделникот, кога тој стави потпис на договорот со кој го поминува Виргил ван Дајк како најскап дефанзивец во историјата, откако Ливерпул платија 75 милиони фунти на Саутемптон за неговиот потпис во јануари 2018 година.

„Хери е еден од најдобрите централни бекови во денешниот фудбал и пресреќни сме што можеме да го потврдиме дека го добивме неговиот потпис. Тој ја ’чита’ играта на теренот и останува смирен под притисок и ќе се вклопи совршено во нашиот тим“, изјави тренерот Оле Гунар Солскјер.

Самиот Мегвајр вели дека не можел да ги одбие Јунајтед.

„Пресреќен сум што сум во голем клуб. Уживав во играњето за Лестер и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за поддршката последните две сезони, но кога Манчестер јунајтед ќе те побара не размислуваш многу. Оле гради тим за освојување трофеи и сега сум подготвен за тој предизвик“, изјави Мегвајр.

Тој е трето засилување за „ѓаволите“ ова лето по доаѓањето на Даниел Џејмс од Свонси и Арон Ван-Бисака од Кристал палас во очигледен обид на Солскјер и управата на клубот да се засилат со таленти од островото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести