21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Хелсиншкиот комитет: Да престане манипулацијата на децата за политички цели

Најчитани вести

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на најавената дигитализација на образованието нагласувајќи дека е очигледна и инструментализацијата на ова прашање во политички цели.

„Децата се подложени на многубројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба што ја наметна пандемијата на Ковид-19 во однос на нивната едукација и секојдневното функционирање. Денешниот бојкот на наставата на средношколците очигледно е дел од таквите злоупотреби, што е потврдено и од страна на Сојузот на средношколците, кој посочува дека ова здружение не е организатор на бојкотот, туку тоа се одредени групи што манипулираат со јавноста“, велат од Хелсишкиот комитет.

Од таму со загриженост констатираат дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба.

Ги повикуваат сите релевантни фактори во државата да ги изземат децата од своите политички активности, да преземат мерки за нивно точно и навремено информирање и на прво место да ги стават интересот и добросостојбата на детето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести