13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Хеликоптерот на NASA ја преживеа студената ноќ на Марс без роверот Perseverance (ВИДЕО)

Најчитани вести

Хеликоптерот Ingenuity кој се одвои од роверот Perseverance успеа да ја преживее студената ноќ на Марс

Американската вселенска агенција NASA потврди дека роверот го испуштил хеликоптерот на површината, како и дека Ingenuity го поминал важниот тест за независност. Сега инженерите имаат самодоверба да продолжат со серијата вежби за загревање на хеликоптерот пред планираниот прв лет, што би требало да се изврши во текот на викендот.

„Ова е огромно достигнување што го чекавме со нетрпение и сега можеме да продолжиме со остатокот од мисијата. Ние сме одвоено вселенско летало на Марс и ја користиме својата енергија”, рече заменик-шефот на операциите за Ingenuity, Теди Цанетос.

Хеликоптерот на соларна енергија пристигна на Марс во „стомакот“ на роверот Perseverence на 18. февруари. Роверот минатиот месец го отфрли заштитниот прекривач, за да му овозможи на Ingenuity да го почне процесот на излегување на површината на Марс. Тој процес беше успешно завршен, по што хеликоптерот ја направи првата фотографија на површината на Марс со својата камера од 13MP.

Perseverance се оддалечи од хеликоптерот и оттогаш почна 31-дневното одбројување, што е крајниот рок за Ingenuity да изврши пет пробни летови и така да влезе во историјата. Предвидено е Ingenuity да полета во недела на 11 април.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на NASA потврдија дека хеликоптерот преживеал ниски температури на Марс и дека испратил сигнали што тоа го потврдуваат.

Во текот на првиот лет оваа недела, Ingenuity ќе полета од површината и ќе лебди околу 30 секунди, а потоа ќе слета. Фотографиите од првиот лет се очекуваат на 12 април. Потоа во следните денови следуваат останатите летови.

Ingenuity има соларен панел кој собира енергија и полни шест литиум-јонски батерии. Хеликоптерот поседува компјутер кој е сто пати помоќен од компјутерот во Perseverance, а опремен е и со мали грејачи, кои го кријат во текот на студените ноќи на Марс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести