6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Најчитани вести

Македонската порака ќе ја напише Сузан Акбелге, актерка во Турскиот театар од Скопје

Светскиот ден на театарот се одбележува секоја година на 27 март и по тој повод пред изведување на претставите ширум светот се читаат светската и националната порака за значењето на театарот. Оваа година, светската порака ќе ја напише Оскаровката Хелен Мирен (73) од Велика Британија и долгогодишен амбасадор за L’Oréal.    

Што се однесува до македонската порака, честа да ја напише ѝ припадна на Сузан Акбелге, актерка во Турскиот театар од Скопје.

Традиционално, изборот на автори за светската порака го организира Меѓународниот извршен одбор на мрежата на Интернационален театарски институт, УНЕСКО, Париз/Шангај, а изборот на домашните автори за локалната порака го организира Програмскиот и Извршниот одбор на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести