21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Хедер Локлир осудена на 30 дена престој во психијатриска болница

Најчитани вести

Хедер Локлир, актерката најмногу позната по улогите во сериите „Dynasty“ и „Melrose Place“, е осудена на 30 престој во психијатриска болница.

Обвинението против актерката има 8 точки, вклучувајќи и физички напад на полицајци и вработени во Брза помош. Доколку не ги исполни обврските ѝ следуваат 4 месеци затвор.

Наредено ѝ е да не консумира алкохол, ниту лекови за кои нема рецепт. Даден ѝ е рок до 6 септември да започне со лечење. Лолкир е уапсена на почетокот од годината откако полицијата одговори на повик од нејзиниот дом. Тогаш била затекната во пијана состојба по што следело давање отпор за апсење откако ги удирала полицајците.

Во февруари 2018 година актерката беше уапсена поради семејно насилство, таа го претепа свршеникот, а по само неколку месеци подоцна ги нападна и родителите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести