Home » Хајредини: Ако државата не може да спречи корупцијата кај затворените, уште помалку може кај тие што се на слобода

Хајредини: Ако државата не може да спречи корупцијата кај затворените, уште помалку може кај тие што се на слобода

by Журнал.мк

Ако државата не може корупцијата да ја спречи кај тие што се затворени зад решетки, уште помалку може кај тие што се на слобода, коментира поранешниот министер Џевдет Хајредини.

Во координирана акција спроведена во средата наутро во шест часот од страна на четири институции на КПУ Идризово биле пронајдени поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети.

По акцијата дежурниот командир остана без своето возило кое беше запалено во текот на ноќта, за што поддршка доби од вработените кои вчера попладне излегоа на протест.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More