13.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Хајди Клум топлес на својот меден месец

Најчитани вести

Откако Хајди Клум и Том Каулиц кажаа „Да“ по втор пат на церемонијата што се одржа на јахтата близу островот Капри на почетокот од овој месец, младенците се препуштија на романтичен меден месец на отворено. Двојката изгледа посреќна од кога било на луксузен брод.

46-годишниот топ модел не се плаши да покаже малку „месо“ и сподели топлес фотографија на нејзината официјална страница на Инстаграм. Во „црно-бел“ кадар, русокосата позира на сонце само по пешкир.

„Сè што гледам е ВОДА“, напиша таа до сликата.

Претходно, таа одлучи да сподели слика за да го покаже во крупен кадар венчалниот прстен.
Генерално, се чини дека Хајди ужива во семејниот живот.

Клум и Каулиц се запознаа на снимањето на Germany’s Next Topmodel, а тој и предложил брак на 24 декември, веднаш по 9-месечна врска.

Германскиот топ-модел има четири деца – 15-годишната ќерка Хелен, 14-годишниот син Хенри, 12-годишниот син Јохан и 10-годишниот Лу, кои се од нејзиниот поранешен сопруг Сил и поранешниот партнер Флавио Бријаторе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести