2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Хасани: Намерно не ја почнавме кампањата за масовна вакцинација бидејќи немаме вакцини

Најчитани вести

Имунизацијата за населението со анти ковид вакцини во земјава, почна но не со масовна кампања како што се најавуваше. Низ социјалните мрежи најмногу кружи анти кампања за вакцинирањето со бројни теории за заговор, што покрева сомнежи кај граѓаните за составот и квалитетот на вакцините. Веќе два месеца откако започна вакцинацијата единствениот метод на МЗ за да ги повика граѓаните за вакцинирање се апели на социјалните мрежи и медиумите. Токму вчера, министерот Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил ги покани граѓаните да закажат термин за вакцинирање. Заменик министерот за здравство Илир Хасани вели дека кампањата не ја започнале намерно.

„Свесно се воздржавме до апелот додека да не ги примаме вакцините во доволна количина и ќе продолжиме со сите капацитети кои ги поседуваме за понатамошното вакцинирање. Тоа значи дека моментално дневно имаме 2000-2500 вакцини, а капацитетот за вакцинација кој го имаме е многу поголем но ги чекаме бројките и вакцините кои ќе стигнат во секој момент. Ова не е критика туку планирана стратегија“, истакна Илир Хасани, заменик министер за здравство.

Како што се чини МЗ стравува случајно сите граѓани дека ќе сакаат да се вакцинираат а всушност нема доволно вакцини.
„Да немаме разлики во активностите за промоција или сензибилизација на јавноста додека да стигнат вакцините. Да кажеме, доколку ние ја сензибилизираме јавноста а во текот на овој месец ја имаме таа голема бројка на вакцини, имаме разлика и дистанца меѓу дејностите, така да се е планирано и чекаме само еден клик за да продолжиме со промотивните активности“, додаде Хасани.

На ред за вакцинирање се медиумските работници на возраст над 40 години и оние со хронични заболувања. Вакцинацијата на новинарите ќе се одржи во понеделник наутро, во салата Борис Трајковски во Скопје. Во оваа група е предвидено да се вакцинираат 631 лице.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com