Шкотска во кој си постигна автогол. Со фудбалерот на Манчестер Јунајтед на стадионот се шегуваа шкотските навивачи, а и Англичаните кои со погрни зборови го навредуваа на социјалните мрежи.
По целата ситуација се огласи и неговата мајка која очекувано застана во негова одбрана изјавувајќи дека на никој друг не му го посакува тоа низ што поминува нејзиниот син.
„Како мајка сметам дека толкава количина на негоативни и злонамерни коментари е срамота и потполно неприфатлива спрема било кого, а посебно спрема некој кој гине за својот клуб и држава. Бев на трибините во Глазгов и не можам да се помирам со тоа што се случуваше.
Јасно ми е дека во фудбалот постојат подеми и падови, но тоа што Хари го трпи дебело ја надминува границата на фудбал. Не можам да гледам како поминува низ се тоа. Ја мразам и помислата дека родителите на останатите играчи тоа мораат да го трпат. Хари има огромно срце и добро е што е ментално силен да може да се носи со се тоа. Тоа злосторство кое тој мора да го трпи не му го посакувам никому“, изјави мајката на Хари Мегваер.