24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Харис Џиновиќ го покани Ѓоковиќ на концерт

Најчитани вести

Откако Новак Ѓоковиќ победата на Мастерсот во Париз ја прослави со песните од Харис Џиновиќ, познатиот пејач го покани тенисерот на неговиот концерт што ќе се одржи на 25 декември во Белград.

„Голем фан сум на Новак, кој не е?! Му честитам за победата. Многу се израдував кога слушнав дека славел со мојата песна. Му посакувам многу успех и уште многу победи. Би бил пресреќен тој да ми биде гостин на концертот“, рекол Џиновиќ кој веќе ги почна подготовките за декемврискиот концерт.

„Кралот на меракот“, како што го нарекуваат медиумите во регионот, на концертот покрај неговите најпопуларни хитови „Муштулук“, „И тебе сам сит кафано“, „Рано је за тугу“, и многу други, ќе промовира и нова песна.

„Се радувам што уште еднаш на Белград ќе му приредам ноќ за паметење, и ќе ги подготвам за новогодишно славење. Ќе пејам повеќе од два часа и затоа спремете се за добра журка“, вели музичарот.

Текстот Харис Џиновиќ го покани Ѓоковиќ на концерт е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com