7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Харис: Кина врши притисок во спорното Јужно Кинеско Море

Најчитани вести

Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска ја обвини Кина за вршење притисок и заплашување на земјите околу спорното Јужно Кинеско Море.

– Постапките на Пекинг продолжуваат да го поткопуваат редот заснован на законите, посочи Харис во Сингапур.

Таа допатува во Сингапур на 22 август, во првиот дел од посетата на Југоисточна Азија, а денеска ќе го поосети Виетнам.

Нејзиниот посета на азиските земји беше договорена пред талибанците да ја преземат контролата во Авганистан пред една недела, а по неодамнешната посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Сингапур, Филипините и Виетнам, кој исто така го критикуваше Пекинг за Јужното Кинеско Море.

Кина е во спор сојузниците на САД – Виетнам и Филипини за Јужно Кинеско Море.

Харис американското повлекување од Авганистан го оцени како „опасна и исправна одлука”.

Таа наведе дека и покрај повлекувањето од Авганистан, САД планираат „да се стремат кон слободна и отворена индопацифичка област” врз основа на „трајните интереси” на нејзината земја во регионот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com