1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Харви Вајнстин се изјасни за невин по обвиненијата за сексуално насилство

Најчитани вести

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин се изјасни за невин по обвиненијата за сексуално злоставување во Лос Анџелес.

Осрамотениот продуцент, некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, во моментов отслужува 23 години затвор во Њујорк за силување од трет степен и сексуален напад од прв степен. Тој се појави во судот во Лос Анџелес во средата (21 јули) на рочиште за други 11 обвиненија, вклучувајќи четири точки за силување.

Според „Њујорк пост“, Вајнстин се изјаснил за невин по сите 11 точки од обвинението, додека неговите адвокати поднеле и предлог за отфрлање на три од точките, во кои наведуваат дека рокот за застареност за кривично гонење бил истечен.

Обвинението беше покренато на рочиштето во средата, а вклучува случаи на силување, присилна орална копулација, сексуално допирање и сексуална пенетрација со употреба на сила.

Според законите во Калифорнија, обвинителите имаат рок од 120 дена по пристигнувањето на Вајнстин да започнат судски постапки, што значи дека судењето мора да започне до средината на ноември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести