20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Харадинај: Унијата Косово-Албанија ќе има посебни парламенти, но еден претседател и премиер

Најчитани вести

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, кој пред неколку дена изјави дека ако до 2025 година Косово не биде дел од НАТО, тој ќе побара референдум за обединвање со Албанија, во телевизиско интервју даде детали за заедничката унија Косово – Албанија.

-И Косово и Албанија ќе одржуваат одделни избори и ќе имаат свој парламент, но мора да имаме еден претседател. Исто така ќе има избори на унијата за заеднички парламент, со еден претседател и шеф на националната влада. Ние ќе одржиме избори Косово-Албанија секој за себе, но ќе имаме и заеднички избори во Унијата, објасни Харадинај.

Според него Албанија ќе го зачувува парламентот, Косово исто така ќе има парламент, но исто така “мора да имаме заеднички парламент и тогаш мора да имаме еден претседател, а не двајца и еден национален премиер“.

– Начинот на уставно дефинирање на унијата треба да го направиме со меѓусебни консултации за да не се натпреваруваме едни со други на пазарот, туку тоа треба да го направиме заедно. Начин што ќе се почитува, што ќе биде функционален, рационален, ќе земеме модели, ќе земеме помош од сојузниците за да ни кажат што е подобро, рече Харадинај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести