20.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Хаос на седница на Советот за безбедност на ОН, Русија побара да се отстранат симболите на Косово

Најчитани вести

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово продолжи по краткиот прекин, настанат заради одржување консултации зад затворена врата

Седницата на Советот за безбедност на ОН беше прекината набрзо откако почна. Претставникот на Русија Дмитриј Полјански побара претставничката на Приштина да го отстрани знамето на Косово бидејќи, како што истакна, Косово не е признаена држава.

„Тоа е територија и осум членки на Советот за безбедност на ОН не го признаваат Косово како држава“, истакна Полјански.

Тој додаде дека Русија не е против учеството на претставник на Косово на состанокот и посочи дека претставничката на Приштина седи пред ознаки на Косово.

Полјански побара претставничката на Косово „да ја смени заднината или да го тргне знамето“ за да продолжи седницата, по што за збор се јави претставникот на Британија.

Тој возврати дека седницата не е официјален состанок на Советот за безбедност на кој се применуваат тие правила и додаде дека на последната средба заднината била иста, поради што, како што наведе, „не гледа причина“ од претставничката на Косово да се бара да ја смени заднината со косовското знаме.

Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ вложи протест поради злоупотребата на видеоформатот на седницата од страна на Приштина за да се промовираат „симболите на лажната држава Косово“.

Тој кажа дека таквите злоупотреби се апсолутно неприфатливи и претставуваат флагрантно кршење на правилата на Советот за безбедност. Селаковиќ предупреди дека албанските политичари на Косово упорно се закануваат со обединување на Косово и Албанија.

Додаде дека косовскиот премиер Аљбин Курти повеќе пати се закани со обединување.

Селаковиќ истакна дека таквите идеи се директна закана за мирот и стабилноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести