-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Хаос на „Камп Ноу“, Барса не може да регистрира нови играчи, меѓу кои и Меси

Најчитани вести

Барселона се наоѓа во огромни проблеми. Каталонскиот клуб не го задоволува „селари кепот“ кој е наметнат од страна на Ла Лига и ќе мора да ги продава своите најскапи играчи со цел да се извлече од долговите кои изнесуваат околу 1,17 милијарди евра.

Матеус Фернандес, бразилскиот играч кој беше отпуштен ги тужи, а Пјаниќ и Умтити не го прифатија предлогот за раскин на договорот. Тоа е лоша вест за каталонскиот гигант кој мора да ги скрати платите за преку 200.000 евра неделно. Сега се јавија нови болки. Според пишувањата на „Goal“, Барселона не може да ги регистрира Меси, Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и Емерсон се додека не ги доведе платите во рамките на дозволеното и одржливото.

За потсетување, на Меси му истече договорот пред пет дена, па Барселона ммора повторно да го регистрира како свој играч. Претседателот Лапорта кој го презеде клубот по вонредните избори пред половина година мора во мошне краток период да пронајде решение за најголемата финансиска дубиоза во историјата на клубот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести