13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Хаос во Црна Гора, последно предупредување пред целосно затворање

Најчитани вести

Црногорската влада објави видео со кое ги повикува граѓаните да ги почитуваат епидемиолошките мерки и предупредува на можно затворање доколку мерките не дадат резултат.

Владата порача дека се ангажирани сите ресурси со цел да се поттикне населението строго да ги почитува мерките и да се зајакне контролата.

Особено беше посочена исклучително големата улога на медиумите во подигањето на свеста на граѓаните за почитување на мерките.

Во јавното обраќање оваа недела, црногорскиот претседател Мило Џукановиќ повика на затворање на границите на земјата за сите кои немаат негативен ПЦР тест, поради сериозно лошата епидемиолошка состојба.

Конечна одлука сè уште не е донесена, а во меѓувреме е донесена наредба за распоредување војска на улиците за да се следи почитувањето на епидемиолошките мерки.

Државниот секретар на Министерството за финансии, Јанко Одовиќ, како гостин во ТВЦГ, рече дека армијата не дејствува со никакви маневри, не носи оружје, туку е присутна само за да им помогне на граѓаните да ја надминат здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој најави и дека контролните пунктови ќе има на сите фреквентни локации во Подгорица и Никшиќ, а од денес и во Бар.

„Ова е последниот чекор пред заклучување. Што значи тоа? Тоа значи дека животот на луѓето целосно се менува. Целата економија ќе запре, а тоа значи помалку приходи во буџетот, но и помалку пари за сите нас“, рече Одовиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести