15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

ХАОС ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО Дали Хари ќе присуствува на погребот на принцот Филип? По скандалозната изјава на Меган Маркл, сè се смени!

Најчитани вести

По скандалозното интервју, сè се смени, па не е познато во каква врска останаа принцот Филип и принцот Хари, за кои се сметаше дека се многу блиски.

Принцот Филип почина денес на 99-годишна возраст, потврдија од Бакигемската палата. По повод неговата смрт, принцот Филип изјави дека не сака да се крева премногу прашина или каков било вид драма. Тоа не е можно, имајќи предвид дека неговата смрт е историски момент во Велика Британија.

Што ќе се случи следно?

Телото на принцот Филип се очекува да престојува во палатата Свети Џејмс, истото место каде што беше телото на принцезата Дијана по нејзината смрт во 1997 година. Кралицата Елизабета Втора ќе биде во официјална жалост, што според протоколот трае 8 дена, кога сите настани ќе бидат откажани, но во тој период нема да се носат ни било какви закони. Исто така, како што налага протоколот, постои период на жалост од 30 дена, по што кралицата се очекува да се врати во исполнувањето на своите должности.

Дали принцот Хари ќе присуствува на погребот?

По интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл, кое ја шокираше јавноста, принцот Филип му забрани на принцот Хари да присуствува на неговиот погреб, неофицијално објавија британските медиуми. По интервјуто, принцот Хари го откажа своето патување во Велика Британија, со кое планираше да го посети принцот Филип по операцијата на срцето. Постојат и приказни, како што пренесуваат австралиските медиуми, дека принцот Филип се заколнал дека повеќе никогаш нема да разговара со неговиот внук Хари, токму поради скандалозното интервју.

Додека принцот Филип беше во болница, некои од членовите на кралското семејство го посетија, но Хари, кој моментално живее во САД, не го стори тоа.

Официјална изјава за сочувство принцот Хари и Меган Маркл ја објавија на нивниот профил на Твитер.

„Почивајте во мир, ваше кралско височество принцу од Единбург“.

Прашање е дали овој пар, кој ја растресе планетата во последните месеци, ќе може да присуствува на погребот затоа што прекршија многу протоколи. Гледајќи ги историските факти, познато е дека кралското семејство тешко да прости какви било испади што не се во согласност со нивните правила. Наше е да видиме што ќе се случи понатаму и каква одлука официјално ќе донесе кралското семејство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести