Хан вели дека блокадите се случиле во момент кога треба да се засилат напорите за ЕУ да стане посилен светски играч, како и дека губењето на влијанието во регион, за којшто вели дека е географски и историски близок на ЕУ, остава простор којшто би можеле да го пополнат Кина и Русија.
Тој додаде дека за него е најболно тоа што ЕУ не покажала дека се придржува кон „принципите на партнерство и одговорност“.
Хан додаде дека е горд на напредокот постигнат за време на неговиот мандат во унапредувањето на врските меѓу државите од регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија – кои сè уште се обидуваат да ги надминеат војните и немирите од 90-тите.
Хан го поздрави фактот што лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија презедоа иницијатива да се заложат за укинување на царинските бариери за трговијата.