19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Хамилтон: Сезонава ќе ми биде најтешко!

Најчитани вести

Луис Хамилтон сезонава ќе има шанса да го мине Михаел Шумахер во апсолутни бројки и да се претстави како возач кој освоил најмногу Ф1 титули.

Британецот смета дека ова за него ќе биде најтешката сезона, бидејки верува дека сезонава имаат пеколна конкуренција во Ред Бул.

Хамилтон неодамна во Бахреин во возбудлив финиш успеа драматично да слави против Макс Верстапен, кој имаше лидерска позиција на два круга пред крајот, но сепак, не ја задржа и Хамилтон запиша прва победа сезонава.

„Кога сезоната ќе почне не знаете каде се наоѓате и тоа ми се допаѓа. Мислам дека 2021 година ќе биде најтешка за мене, но и за целиот наш тим, кој сега е стимулиран да напредува, бидејки имаме конкуренција“.

„Секоја трка е нов предизвик, многу напорно ќе треба да сработиме за да се задржиме на врвот. Талентот може да ве однесе далеку во кариерата, но мора и во тимот да владее заедништво, тимски дух“, порача Луис Хамилтон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести