7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Хамилтон: Некои работи не се фер, поготово во Ф1!

Најчитани вести

Седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон, сезонава се мачи на патеката, неговиот болид и тим не се така силни како минатите сезони.

Тој смета дека во најбрзиот авто-мото циркус во светот, работите не се изедначени и дека некои работи мора да се променат.

Иако се грижиме за работите кои не може да ги контролираме, мора да научиме тоа да не го правиме. Ги гледам другите спортови и би сакал само способноста која ја имате, да ја прави разликата. Меѓутоа, тоа не е случај во Ф1. Многу е повеќе од перформансите, самиот болид и целиот тим во кој се наоѓате“.

„Не би рекол дека актуелната ситуација боли, но би сакале да бидеме во позиција да се бориме постојано за победи, но би сакал и болидите да се поблиски еден до друг, за да имаме подобри борби на чело од караванот“, истакна Хамилтон,

Многу од навивачите му замерија за тоа што немаше ваков тип на изјави кога лесно ги освојуваше шампионатите, туку сега кога е некаде на средина од колоната, се мачи со останатите болиди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести