15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Хамес без Анчелоти не останува во Евертон

Најчитани вести

Колумбиецот Хамес Родригез не планира да остане во Евертон по заминувањето на тренерот Карло Анчелоти во Реал Мадрид, и веќе има повеќе клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

29-годишниот Родригез пристигна на „Гудисон парк“ од Реал Мадрид минатата сезона, и иако имаше одличен старт, на крајот имаше разочарувачка сезона со повеќе повреди кои го отстранија од терените. Токму Анчелоти беше главната причина за прифаќањето на понудата на премиерлигашот, но откако Реал го вратија на „Бернабеу“, Родригез планира да си замине.

Во Евертон немаат проблеми со ваквиот развој на работите, посебно бидејќи постои загриженост за финансискиот ферплеј и високата плата која ја добива Колумбиецот. Се верува дека тој веќе е понуден на Атлетико Мадрид, Наполи и Милан, а агентот Жорге Мендеш ја разгледува ситуацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести