1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

„Хамерот“ на Kia на саем за одбрана во Емиратите

Најчитани вести

Kia прикажува воени возила со најнова технологија на саемот за одбрана Idex 2021 во Обединетите Арапски Емирати.

Kia изложува две лесни тактички возила за одбрана на Меѓународниот саем за одбрана Idex во Обединетите Арапски Емирати. Тоа е најголемиот меѓународен саем од овој вид во регионите на Средниот Исток и Африка.

Армијата на Јужна Кореја стандардно се снабдува со лесни тактички возила од Kia уште од 2016 година. Новиот концепт на лесен тактички товарен пикап со четири седишта настапува со „заповеднички“ дизајн и изведен е со простор за транспорт на оружени трупи. Корејскиот производител очекува дека впечатливиот изглед и применливоста ќе поттикнат дополнителен интерес за неговите воени возила.

Покрај пикапот се изложува и гола платформа, со отстранета каросерија, за да се забележат погонската спрега на пикапот и основната рамка. Оваа платформа може да се надградува лесно, за најразлична примена.

Регионот се цени како клучен пазар за стратешки воени возила. Kia првпат учествуваше на Idex во 2015 година.

Пикапот се одликува со врвно ниво на мобилност, издржливост и функционалност. Врз основната платформа може да се постават најразлични надградби, како контејнер, мобилна работилница или центар за комуникации. Возилото дозволува превоз на десет војници под полна воена спрема и до три тони товар.

Моторот е дизел со 225 КС, погонот е на сите тркала, менувачот е 8-степен автоматик со напредна технологија. Двете оски располагаат со независно водење, климатизација, диференцијал со блокада, гуми со продолжена мобилност и електро-магнетен систем за попречување.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести