31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Хали Бери произведува домашна козметика со ќерка сѝ

Најчитани вести

Американската глумица Хали Бери ја воспитува својата 13-годишна ќерка Нала да го негува своето чувство за „вистинска убавина“ и да има храброст „да го истакне своето вистинско јас“, како што гордата мајка вели за списанието „Пипл“.

Хали, која го има и седумгодишниот син Масео, вели дека педикирот, средствата за лице, кремите и маските се нејзино хоби.

– На пример, за длабоко чистење на кожата подготвувам домашна маска од јогурт, мед и неколку капки лимон, поради витаминот Ц. Јас навистина се забавувам со тоа. Уште позабавно е да го правам тоа со мојата ќерка. Таа има само 13 години, па со занес учи за домашнава козметика. Но, јас сакам да го научи она за што јас сметам дека е вистинска убавина, па затоа се грижиме и за природноста. Не станува збор само за покривање на лицето со шминка. Вие не треба да криете кои сте, туку навистина да стекнете самодоверба за да го истакнете вашето „вистинско јас“!, вели Хали.

„Бонд девојката“ сепак, признава дека не размислува премногу за својот изглед и претпочита луѓето да се сосредоточат на нејзината дарба како глумица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести