18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува коронавирусот

Најчитани вести

Сајбер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник The Telegraph.

Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како STRUBI, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за The Telegraph потврди дека одделот STRUBI бил цел на хакерски напад.

„Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме натаму“, го цитира весникот портпаролот на Оксфорд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести