28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Хакери се обиделе да ја затрујат водата за пиење во Флорида

Најчитани вести

Хакери упаднале во системот за снабдување со вода во градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја затруат водата, соопшти локалната полиција.

Хакерите го зголемиле количеството на содијум-хидроксид, што се додава во водата во мали количини поради регулирање на киселоста, но е опасен над дозволеното ниво.

Хакерскиот напад бил на време откриен и количината на содијум-хидроксид што продрел во водата е минимална.

ФБИ ќе го истражи случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести