Home » ФФМ подготвува нови зафати за подобрување на условите на тренинг-центарот „Петар Милошевски“: Поентата не е само да се фотографираме!

ФФМ подготвува нови зафати за подобрување на условите на тренинг-центарот „Петар Милошевски“: Поентата не е само да се фотографираме!

by Lina Muslija

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на Редовоното годишно собрание на ФФМ кое се одржува во хотелот „Хилтон“ во Скопје истакна дека наредниот период фокусот на раководните лица на македонскиот фудбал ќе биде насочен кон подобрување на условите за работа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје кој е база за подготовки на македонските репрезентации, но и тоа како се користи од домашните прволигаши за одигрување официјални натпревари.

Сејдини нагласи дека целта е да се создадат максимални услови за работа на сите репрезентативни селекции…

„Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж. За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски“. Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг. Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажуваат тоа и постојано го докажуваат“ – рече Сејдини.

Првиот човек на ФФМ не крие дека визијата на федерацијата е континуиран пласман на големите натпреварувања за што, пак, потребни се цврсто поставени стандарди во работата и максимална професионалност.

„Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација за новите генерации што доаѓааат. Успехот истворемено е и обврска да се работи макотрпно и истиот да се надградува постојано, од најмалите категории, училишниот фудбал, детските лиги и академиите преку националните селекции. Благодарност до сите оние кои не придржуваат во патот кон успехот, сите наши заинтересирани страни, со кои градиме партнерски однос, затоа што сите ние сме едно големо семејство“ – истакна Сејдини и дополни:

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на фудбалерите и селекторот на македонската А репрезентација за успешниот почеток на квалификациите за Европското првенство. Посакувам успех против Украина и Англија следниот месец. Бидете храбри и предизвикајте ги фаворитите во нашта група. За сe друго ја имате нашата поддршка. Би сакал да им посакам успех и среќа на македонската репрезентација до 21 година и на селекторот Канатларовски во новите квалификациите за Европско првенство. Имаме добра прилика да се бориме за висок пласман и се надевам дека ќе успееме да ја искористиме“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk