Со цел помош на Словенија по катастрофалната поплава која ја зафати поранешната југословенска држава вчера беше одигран хуманитарен натпревар на кој присуствуваа фудбалски легенди кои и донесоа помош од нешто повеќе од три и пол милиони евра.
На теренот се најдоа од едната страна познатиот словенечки стручњак Матјаж Кек, Џанлуиџи Буфон, Боштјан Цезар, Леван Кобијашвили, Звонимир Бобан, Димитар Бербатов, Маркос Тавареш, Паоло Малдини, Ведран Чорлука, Кларенс Сидорф, Златан Ибрахимовиќ, Предраг Мијатовиќ, Мирослав Клосе, Ерик Абидал, Хавиер Занети, Миран Павлин, Миливоје Новаковиќ и Давор Шукер, а на спортивната: Фабио Пакело, Дејан Савичевиќ, Немања Видиќ, Миленко Ачимовиќ, Бранко Илиќ, Луис Фиго, Јоргос Карагунис, Ивица Олиќ, Андреј Шевченко, Дарио Срна, Мишо Бречко, Робер Пирес, Хамит Алтинтоп, Марио Манџукиќ, Миленко Ачимовиќ, Дејвид Џејмс, Микаел Силвестре, Бојан Јокиќ, Роберт Корен, Аљоша Асановиќ и Оливер Бироф.