5 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Фудбалски Куп на Македонија: Шкендија и Работнички се пласираа во осминафиналето

Најчитани вести

Шампионот Шкендија победи со 4-1 на гостувањето во Гостивар, додека Работнички со 4-0 го победи Влазерими за пласман во осминафиналето на Купот на Македонија.

Сите прволигаши забележаа победи, а најтешко помина лидерот на табелата во ПМФЛ, Ренова која после пенали се радуваше против Кожув во Гевгелија.

После комплетирањето на овие мечеви познати се 15 екипи кои ќе играат во осминафиналета, а се чека на последниот дуел помеѓу Каменица Саса и Вардар закажан за идната среда, 28 август.

Резултати, Куп на Македонија:

Фортуна – Силекс 0:4

Охрид – Беласица 5:4 на пенали, 1:1

Кожув – Ренова 5:6 на пенали, 3:3

Кравари – Лабуништа 1:4

Тетекс – Шкупи 1:5

Локомотива – Струга Трим љум 1:5

Влазерими – Работнички 0:4

Превалец – Борец 0:4

Осогово – Победа 1:0

Гостивар – Шкендија 1:4

Кит Го – Пелистер 4:5 на пенали, 1:1

Љуботен – Тиквеш 1:5

Ново Црнилиште – Брегалница 0:22.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести