14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Фудбалската репрезентација се враќа со бод од Израел

Најчитани вести

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија одигра нерешено 1:1 (0:0) на гостувањето против Израел во групата „Г” натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година.

Иако Израелците беа фаворити, тоа на теренот воопшто не се забележа и македонскиот тим имаше доста шанси, кои не успеа да ги реализира.

Израел го отвори резултатот после десетина минути игра во второто полувреме преку нивниот најдобар играч Еран Захави.

Аријан Адеми со гол во 65-та минута го обезбеди бодот за нашата репрезентација по фантастичниот центаршут на Егзијан Алиоски.

Елиф Елмас во судиското продолжение од мечот имаше голема шанса да донесе победа за „црвено-жолтите”, откако излезе сам пред противничкиот голман но реши да проигра, наместо да реализира.

Ова е второ реми за нашиот национален тим и по овој меч се наѓаме на петтата позиција со 5 освоени бода (1 победа, две реми и два порази).

Во понеделник избраниците на Ангеловски играат со Летонија во Рига.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com