Во гостување во емисијата „Клик Плус“, на ТВ21, професор д-р Љубомир Фрчкоски, зборуваше за своето искуство со ковид-19, а истакна дека би било добро властите да најдат начин вакцинацијата против ковид-19 да започне што побргу.
– Немам информации за вакцините, но добро би било властите да најдат начин да дојдат што побрзо и да почне таа вакцинација. Не сме голема земја, и да оди брзо и како што треба. Ние што сме прележале после шест месеци принципот за нас, но оваа друга група како здравствените работници – изјави Фрчкоски во гостувањето.