Популарниот психоаналитичар имал контроверзни теории, но многу од нив се нашле втемелени во човековата пракса.
Фројд бил еден од најконтроверзните научници на XX-от век. Неговиот придонес во психологијата е огромен, а го овековечиле две откритија – тој ја разоткрил мистеријата на човековиот сон и прв го пронашол универзалниот клуч кон човековата потсвест.

Ова се некои од неговите тези:
- Големината на нашиот идентитет се одредува со големината на проблемите кои можат да нè извадат од такт.
- Мажот е среќен со било која жена, сè додека не се заљуби во неа.
- Пред да си дијагностицирате депресија и ниско ниво на самодоверба, задолжително осигурајте се дека не сте опкружени со идиоти.
- Сè што правите во кревет е прекрасно и апсолутно исправно. Важно е тоа да ви се допаѓа и на двајцата.
- Кучињата ги сакаат своите пријатели, а ги касаат непријателите.
- Сексуалната девијација може да се смета за единствено отсуство на секс. Сè останато е работа на вкус.
- Идеална, бескрајна, без омраза – љубовта постои само меѓу зависноста и дрогата.
- Нервозата е неспособност да се толерира нејасноста.
- Колку што човекот е побеспрекорен однадвор, толку повеќе демони има во него.
- Ние никогаш не сме поранливи од тогаш кога сакаме и никогаш безнадежно несреќни тогаш кога ја губиме љубовта.
- Првиот знак на глупавоста е целосно отсуство на срамот.
- Децата се целосно егоистични, силно ги чувствуваат своите потреби и немилосрдно се борат да ги задоволат.
- Луѓето се поморални отколку што мислат и многу понеморални од колку што можат да замислат.
- Поголемиот дел од тоа што е внатре е несфатлив, а тоа што е препознатливо е реално.
- Секој нормален човек всушност е нормален само делумно.
- Доколку на некој човек сте му простиле сè, значи со него сте завршиле засекогаш.
- Против секој човек човекот може да се брани, но против пофалбите останува беспомошен.
- Ние повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката, отколку да се сретнеме со радоста.
- Во моментот кога човекот ќе почне да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој се разболува.