26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Фризери, угостители и адвокати почнуваат да се вакцинираат во Турција

Најчитани вести

Вакцинацијата на работниците во прехранбениот сектор, рестораните, кафулињата, како и берберниците и фризерниците почнува денеска во Турција, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа. Програмата за вакцинација почна и за адвокатите.

Досега тие беа вакцинирани според возрасни групи, за што требаше да го чекаат својот ред. Ова барање е отфрлено и тие ќе можат да се вакцинираат без ограничувања, рече министерот. Продолжува кампањата за вакцинација за над 45-годишни граѓани, која почна на почетокот на оваа недела.

Во Турција во моментов има две вакцини – Фајзер и Синовак. Граѓаните имаат право да изберат со која ќе се вакцинираат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести