-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Франција пред Божик ги затвора диско клубовите, но не воведува построги мерки

Најчитани вести

Франција во понеделникот поради растот на бројот на заразените со короанвирусот донесе одлука во пресрет на католички Божик почнувајќи од 10-ти декември на четири седмици да ги затвори ноќните клубови и да ги закане мерките за физичка дистанца, како и епидемиолошките протоколи за училиштата но нема потреба за ново „затворање“ или полициски час, изјави премиерот Жан Кастекс.

Поради делта варијантата и ефикасноста на вакцините против Covid-19 чијашто заштите опаѓа со текот на времето, бројот на новите дневни случаи во земјата се бројата во десетици илјади на дневно ниво, односно меѓу 40 и 50 илјади.

Премиерот Кастекс изјави дека петтиот бран на епидемијата силно ја погодил Франција. Меѓутоа, истакна дека со 52 милиони вакцинирани состојбата е подобра отколку претходно, па нема потреба за построги мерки пред божикните празници.

Министерот за здравство Оливие Веран изјави дека комбинацијата со дополнителните дози и поригорозните мерки за физичка дистанца ќе ѝ овозможи Франција да го избегне „локдаунот“ кој моментачно е на сила во неколку европски земји.

„Сакаме да минеме низ овој бран на епидемијата без нови ограничувања за коплетното население, без оглед дали е вакцинирано или не“, додаде Веран.

Од петок ноќните и диско клубовите ќе бидат затворени следните четири седмици, а владата исто така апелираше до Французите доброволно да ги лимитираат празничните приватни и деловни празнични прослави.

За француските здравствени власти уште позагрижувачки од рекордно високие дневни случаи на коронаинфекции е бројот на хоспитатализираните пациенти кои во понеделникот ги имаше повеќе од 11.000, што е прагот кој од крајот на августо досега не беше достигнат.

„За да го спречиме ширењето на вирусот, мораме да го задржиме нашиот штит од вакцините, па и да го прошириме и зајакнеме“, изјави премиерот Кастекс на прес-конференција.

Според тоа, сите Французи повозрасни од 65 години ќе може да ја добијата „бустер“ дозата без најава. Француската влада размислува и за одобрување на вакцините за сите деца од 5 до 11 години, но на доброволна база, доколку е можно до крајот на годината.

Имајќи предвид дека инциденцата кај децата е многу висока, епидемиолошкиот протокол за училиштата е подигнат на третото ниво, што значи, на пример, ограничување на спортовите во кои има конткати ило нова организација на оброците во училишните кантини за да се избегне присуство на поголем број ученици во исто време, како и построги мерки во врска со носењето на маските.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com