Home » Франција од ноември ја укинува задолжителната РТВ претплата

Франција од ноември ја укинува задолжителната РТВ претплата

by Журнал.мк

Францускиот Уставен совет го одобри укинувањето на задолжителната претплата на РТВ и и наметна строги барања на Владата – да гарантира финансирање и независност на јавниот сервис, пренесе Бета.

Уставниот совет, кој не прави летна пауза, одобри пакет помош од 20 милијарди евра за граѓаните и ребаланс на буџетот за 2022 година, кој вклучува укинување на претплатите на РТВ. Таа одлука значи 138 евра повеќе годишно во секое домаќинство, што досега не беше ослободено од претплата на РТВ.

Јавниот сервис нема да се приватизира, туку ќе се финансира од даноци, односно од државниот буџет. На тој начин, граѓаните всушност би продолжиле да го кофинансираат јавниот сервис, но индиректно. Токму тоа предизвикува критики во Франција, бидејќи постои ризик јавните служби да станат зависни од политиката.

Укинувањето на претплатата беше предизборно ветување на претседателот Емануел Макрон.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk