26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Франција објави тринеделно затворање на училиштата, забрана за патување во земјата

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон објави денес дека се воведува тринеделно затворање на училиштата и едномесечна забрана за патување во земјата, како и дека рестриктивните мерки воведени по регионите се прошируваат на целата територија во обид да се сопре третиот бран на зараза со коронавирусот.

Во телевизиското обраќање вечерва Макрон кажа дека е потребно да се преземат мерките бидејќи „епидемијата забрзува“.

„Ќе ги затвориме градинките, основните училишта и гимназиите на три недели“, кажа Макрон. Останува на сила полицискиот час во целата земја од 19 часот до 6 часот наутро, и рестрикциите за домашни патувања.

Две од трите недели колку што ќе бидат затворени училиштата се паѓаат за време на пролетниот распуст кој ќе биде во исто време за целата земја.

Сите мерки се воведуваат на целата територија на Франција што е отстапување од политиката на владата во последните месеци, кога мерките беа насочувани на региони. Особено на затворањето на училиштата се чекало до последниот момент.

Планирана е расправа утре во парламентот за ситуацијата со ковид-19 и новите мерки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести