17.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Франција е пред трет „локдаун“

Најчитани вести

Претседателот на Научниот совет задолжен да ја советува француската Влада за епидемијата со Ковид-19, Жан-Франсоа Делфреси, поради ургентната состојба со доаѓањето на новите варијанти на Ковид-19, ја изнесе идејата за прегрупирање или повторно затворање – карантин на земјата.

-Колку побрзо ќе ја донесете одлука, толку таа ќе биде поефикасна и може да биде со ограничено траење смета професорот Делфреси.

Неговиот повик за повторен карантин, за да може земјата да се справи со варијантите на коронавирусот кои целосно ја менуваат здравствената состојба во Франција, е со голема тежина. Делфреси смета дека „веројатно ќе биде потребно да се оди кон затворање“ за што е потребна политичка одлука.

Навраќајќи се на проекциите за вакцинација, професорот Делфреси „не го дели“ убедувањето на владата дека целото население може да се вакцинира до летото.

-Капацитетот за вакцинација е ограничен, бидејќи фармацевтската индустрија не успева да обезбеди огромни количества вакцини. Од февруари до крајот на април имаме трка помеѓу пристигнувањето на новата варијанта и на вакцинацијата, резимира тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести