14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

„Франс Фудбал“: ПСЖ ја пронајде замената за Нејмар во – Ливерпул

Најчитани вести

Нејмар и сезонава го носи дресот на ПСЖ, иако цело лето се шпекулираше за негово заминување од Париз. Сепак, тоа не се случи, а Бразилецот досега одигра девет меча поради проблеми со повреда, а постигна шест гола.

Иако изгледа дека ситуацијата меѓу двете страни се смирила, сепак Нејмар и понатаму нема намера да потпише нов договор со парижаните и сигурно би ја искористил првата шанса која ќе му биде дадена за да се врати на „Камп Ноу“.

ПСЖ е свесен за тоа и сака да пронајде идеална замена за Бразилецот. Ова лето се шпекулираше дека тоа може да биде Пауло Дибала, кој остана во Јувентус.

„Франс Фудбал“ објави дека нов кандидат за замена на Нејмар е фудбалерот на Ливерпул, односно станува збор за Садио Мане.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com