Home » ФРАЕР ОД СЕНЕГАЛ му е ФАН на Спасен Силјаноски и има порака: „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!“

ФРАЕР ОД СЕНЕГАЛ му е ФАН на Спасен Силјаноски и има порака: „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!“

by Журнал.мк

Сидоко од Сенегал е маѓепсан од македонската музика, а омилени му се „Ќе ти дојдам“ од Спасен Силјаноски и евергринот „Бисер балкански“ на Гоце Николовски. Љубовта кон музиката на ова младо момче кое инаку живее и работи во Италија му ја всадиле колегите од работа од кои повеќето се Македонци.

Сидоко се бави со градежништво, па додека работеле на објекти со колегите слушале македонска музика и малку требало и младиот Сенегалец да стане „вистински Македонец“ и да почне да слуша македонска музика. И не само тоа – научил и по некој збор македонски, а си носи и маица со ликот на Гоце Делчев.

Фолкерот Спасен, кој му е омилен пејач на ова младо момче, на последното гостување во Италија одвоил време да се запознае со него, а средбата, секако, не поминала без песни. Спасен ни откри дека за него дознал од нашите иселеници и без размислување го прифатил предлогот за средба.

„Сидоко е доказ дека музиката не знае за граници“, вели мајсторот на добрата забава и човекот пред чија музика и песна нема рамнодушни.

Прва на списокот песни кои се запеале на дружбата инаку била одличната „Ќе ти дојдам“, а потоа се пеело по желба на фанот од Сенегал, кој не само што пеел, туку и порачал – „Да живее Македнија“.

Пожелно е да одвоите 9 секунди 😁👌

Posted by Spasen Siljanoski on Friday, June 24, 2022

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More